Бајден позитивен на Ковид-19

1 min read

Претседателот на САД, Џо Бајден е позитивен на Ковид-19, потврди денеска Белата куќа.

Како што соопшти Белата куќа, 79-годишниот Бајден двапати е вакциниран и примил уште две дополнителни дози. Тој има многу благи симптоми и се лекува со антивирусен лек Паксловид.

Бајден ќе продолжи да работи во изолација се до негативен тест на Ковид-19. Неговата сопруга Џил Бајден е негативна.

Во текот на денот медицинската служба ќе ги извести сите контакти на Бајден, вклучително и претставниците кои вчера патуваа со претседателот.

kurir.mk

Претходно

Исклучително редок јастог спасен од сигурна смрт: Благодарение на работници во ресторан

Следно

Овие делови од Скопје утре ќе бидат без струја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian