Знамето на Европа подигнато пред владата во Тирана

1 min read

Во дворот на владата во Тирана претпаладнево, по отворањето на преговорите за членство на Албанија во Европската унија, се одржа церемонија на симболично подигање на европското знаме.

По подигањето на знамето и интонирањето на државната химна, премиерот Еди Рама им се обрати на присутните велејќи дека „денес е нов ден за Албанија и многу ви благодарам на сите што сте тука со мене за свеченото подигање на знамето на ЕУ, по официјалното отворање на преговорите за членство на Албанија во обединетото европско семејство”.

-Вашето присуство овде е повеќе од протоколарно, бидејќи вие и институциите што ги претставувате директно придонесувате за изградбата на европскиот пат на Албанија. Подигнувањето на ова знаме денеска пред владата го означува издигнувањето на Албанија на друго ниво, не само во односите со ЕУ, туку и во нејзината иднина, со слободи и права, безбедност и нејзин развој во секоја насока, рече Рама.

Рама додаде дека „овој момент го означува и издигнувањето на друго ниво на обврските на општеството и албанскиот граѓанин со вредностите, принципите, стандардите, правилата и духот на европскиот демократски соживот”.

Меѓу другото упати апел до правосудните органи дека „брзината на зачленувањето зависи и од нив” а за опозицијата рече дека се наоѓа во „бездна што е во спротивност со духот на односите ЕУ-Албанија”.

На свеченоста присуствуваше дипломатскиот кор, членови на владата, пратеници, поглаварите на верските заедници и други гости.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се санираат клупите во центарот на Скопје, како и на кејот на Вардар

Следно

Ф1: Мецедес губи, па Волф „плаче“ дека сезоната била досадна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian