Завршена истрагата: Објавена причината за смртта на српската инфлуенсерка Кика

1 min read

Обвинителството во Белград се огласи за трагичната смрт на инфлуенсерката и јутјуберка Кристина Ѓукиќ Кика и утврдило дека нема место за покренување кривична постапка против никого во врска со околностите под кои настапила нејзината смрт во декември минатата година.

„Одлуката е донесена имајќи го предвид обдукцискиот записник од кој произлегува дека причина за смртта е комбинирано труење со опорјна дрога МДМА и лекот бромазепам, направени се разговори со личности блиски до неа, постоење на проштални пораки и фактот дека пред смртта во два наврати се обидела да се самоубие, како и други околности и извршени проверки“, потврдиле од Вишото јавно обвинителство за српски „Курир“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kika (@kikax3)

Кристина Кика Ѓукиќ беше позната српска гејмерка, јутјуберка и инфлуенсерка чиј јутјуб-канал во октомври 2019 година имаше околу 639.000 следбеници. Родена е на 25 јули 2000 година во Белград.

ФОТО | Србите во шок: Се самоуби позната 21-годишна инфлуенсерка

Бака Прасе приведен на сослушување во врска со смртта на јутјуберката Кристина Кика Ѓукиќ

ФОТО | Се огласи мајката на починатата Кика: Очајна сум, некој ќе одговара, ќе ги кажам сите детали

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најмалку осум лица загинаа при турски напад врз северен Ирак

Следно

Ја тепале, на две години одела на солариум и била на диета: Каде е денес најубавото девојче на Америка?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian