Вработените во Гази Баба ќе добијат плати повисоки за 2.800 денари

1 min read

Денеска, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со преставници на Синдикалната организација на општина Гази Баба потпишаа измени на Колективниот договор со кои се врши линеарно зголемување на платите на вработените во општинската администрација за 2800 денари.

-Вработените во општина Гази Баба ќе добијат повисоки плати за 2800 денари. Утрово заедно со преставници на Синдикалната организација во општина Гази Баба потпишавме измена на Колективниот договор со што ќе се изврши линеарно зголемување на платата на вработените во општинската администрација за 2800 денари. Високата инфлација, ценовниот шок и општото зголемување на животната потрошувачка беше она што ме водеше при донесување на одлуката за зголемување на платите. Покрај ова верувам дека со оваа мерка дополнително ќе се мотивираат вработените во администрацијата кои изминатите месеци посветено работат на реализација на проектите. – напиша Стефковски

skopjeinfo.mk

Претходно

Премиерот на Шри Ланка избран за нов претседател на земјата

Следно

Гвардиола демантира дека Нејмар му бил понуден на Сити

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian