Влегуваат во историјата: Тие се првите што ќе одржат концерт на работ на вселената

2 mins read

„The Chainsmokers“ ќе влезат во историјата како прв бенд кој ќе одржи концерт на работ на вселената,пренесува „ЛадБајбл“.

Еден од најновите хитови на „The Chainsmokers“ е „High“ и тие се надеваат дека ќе ги „живеат“ стиховите од песната..

Дру Тагарт и Алекс Пол ќе свират во капсула која ќе биде прицврстена за стратосферски балон во концертот за паметење, во организација на приватната компанија за вселенски истражувања „Ворлд вју“ (World View). Тие ќе настапат на некои 32 километри над Земјата.

Електронското диџејско дуо ќе се придружи на група научници и инженери во еден од првите летови во 2024 година и ќе одржи прв концерт на работ на вселената, кој буквално ќе биде надвор од овој свет.

– Отсекогаш сме сонувале за патување во вселената и целосно сме возбудени поради соработката со „Ворлд вју“ која ќе ни ја овозможи оваа авантура и искуство – рекле Тагарт и Пол за АП, додавајќи дека глетките ќе бидат неверојатни и ќе им послужат како инспирација за идните проекти.

Од компанијата велат дека се одлучиле токму за „The Chainsmokers“ поради тоа што нивната музика допира до многу групи од различни возрасти и дека страста со која момчињата ѝ пристапуваат на музиката одговара со нивната страст кон развојот на радикално подобра иднина на планетата.

Рајан Хартман, извршен директор компанијата за вселенски туризам „Ворлд вју“, вели дека иако повеќето од луѓето кои извршиле летови во вселената се научници и инженери, „Ворлд вју“ се надева дека испраќањето уметници би можело „да ги инспирира да направат нешто поинаку отколку што инаку би направиле“.

Диџејското дуо се прослави со синглот „Selfie“ од 2014 година и може да се пофали со 5 хит песни кои завршија помеѓу првите 10 на листата на „Билборд хот 100“.

Оваа година го објавија својот четврти албум – „So Far So Good“.

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Димитриевски се врати во Шпанија, потпиша за Ваљадолид

Следно

Помалку од половина од нашите закони се усогласени со европските

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian