Владата на Република Северна Македонија, во знак на солидарност и во насока на зајакнување на партнерството и соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, на денешната 63-та седница донесе одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата во поддршка на гасење на пожари во Грција, соопштија од „Илинденска“.
Според владината прес-служба, се работи за еден вод со вкупно 30 војници, како и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гасење пожари.
– Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Република Грција, во врска со поддршката при гасењето на пожарите ги презема Министерството за одбрана- Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.