Во мечевите под капата на УФЦ забранети се прослави со национални знамиња, па на Ли Џинглијанг му беше одземено кинеското знаме
Интересен инцидент се случи на ММА-мечот под капата на УФЦ во Њујорк помеѓу Кинезот Ли Џинглијанг и Русинот Муслим Салихов, кого го нарекуваат „телохранителот на Путин“.
Откако Кинезот го совлада рускиот борец со технички нокаут, прослави во октагонот со кинеското знаме на грбот.
Но едно од официјалните лица на УФЦ веднаш му го симна знамето на Кинезот и брзо го изнесе од рингот.
Оваа организација во мај годинава им забрани на борците да носат знамиња во октагонот, но Кинезот некако го прошверцува неговото. Сепак, таму брзо му беше одземено.
UFC Rips China Flag from Li JingLiang as he celebrates his Victory 😳 FULL STORY HERE https://t.co/5YQHqgyDUV pic.twitter.com/1tFJqUnH4C
— FNM_Fightchannel (@fnm_fc) July 18, 2022
Повеќе борци во мечевите на УФЦ изразија незадоволство поради оваа забрана да ги истакнат знамињата на своите земји, но УФЦ сака да избегне секаква политичка тензија за време на војната во Украина.