Навивачите на Барселона кои сакаат да купат дрес од најновото засилување, Роберт Левандовски ќе мора да почекаат поради бизарна причина.
Спонзорот на Барселона, американскиот производител на спортска опрема „Најки“ се чини дека не бил подготвен за доаѓањето на Левандовски во каталонскиот пат, па за време на печатењето на дресови со презимето на полскиот напаѓач се соочиле со бизарен проблем, им снемало букви.
Станува збор за буквата „W“ која два пати се појавува во преземето на одличниот напаѓач.
Барселона откако вчера го промовираше Левандовски, денеска ги ибјави деталите од договорот. Според челниците на каталонскиот тим, Левандовки потпиша четиригодишен договор, а откупната клаузула изнесува 500 милиони евра.