ВИДЕО | Човек учи додека е жив: Џузепе Патерно е највозрасниот студент во Италија со полни 98 години

2 mins read

Човек учи додека е жив, а за мудроста и знаењето се особини кои секога биле најценети, најбарани и највисоко вреднувани. Пензионерот Џузепе Патерно е жив доказ дека човек треба да учи и да се надоградува се додека може и се додека е жив. Роден во 1923 година, Џузепе израснал во сиромашно семејство на Сицилија. Отсекогаш ги сакал книгите и покрај љубовта кон учењето, тој не можел да оди на универзитет како млад човек, но наместо тоа служел во морнарицата за време на Втората светска војна од 20-годишна возраст, а подоцна работел како железнички работник.

Се оженил на 23 години и имал две деца. Тројца од неговите четири внуци имаат и дипломи од Универзитетот во Палермо. Не дозволувајќи им на годините да му пречат, тој се запишал на Универзитетот во Палермо на додипломски по историја и филозофија во неговите 90-ти, велејќи си „сега или никогаш“.


По три години студирање со поголеми паузи поради глобалната пандемија Џузепе дипломирал во јули 2020 година, станувајќи најстариот дипломиран студент во Италија во тоа време. Две години подоцна повторно влезе во историјата, овој пат како магистер, а со таа диплома Џузепе Патерно на свои полни 98 години се закити со уште едно признание, а тоа е најстариот италијански студент и тоа со висок просек.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Официјално: Дибала е новиот „војник“ на Мурињо

Следно

Лавров: Целта на Русија веќе не е само Донбас, туку и други територии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian