ВИДЕО | 365 дена без капка алкохол: Криси Тиген секогаш искрена за нејзината зависност

2 mins read

Американска манекенка Криси Тајген  веќе подолго време има проблеми со алкохолот, а денеска гордо прослави една година трезвеност. Таа со своето семејство заминала на кратко, но слатко патување.

Криси отсекогаш без срам зборувала за својот проблем со алкохолот, а денес вели дека се чувствува среќна и исполнета бидејќи не пие.

Сега веќе една година е трезна, а по тој повод објави видео во кое е со сопругот, пејачот Џон Леџенд (43) и децата Луна (6) и Мајлс (4). Семејството заедно ги посети културните знаменитости.

Криси отсекогаш без срам зборувала за својот проблем со алкохолот, а денес вели дека се чувствува среќна и исполнета бидејќи не пие.

„Понекогаш ме фрустрира кога ќе се навратам на деновите на кои не се сеќавам добро поради алкохолот. Како кога пиев текила и заспав во ресторан додека готвачот ме учеше мене и моите пријатели како да направиме цвет од пржен кромид. “, напишала таа, а потоа продолжи: „Сакав да можам да се сетам на која било церемонија на доделување награди“ – напиша Криси во описот.

Криси призна дека забележала дека нејзиниот поглед изгледа отсутен, односно изгубен, на одредени фотографии кои одбележале некои од важните моменти во нејзиниот живот, како што се работните денови и снимањето, но и деновите на плажа кои ги поминала со семејството.

Таа не е сигурна дали некогаш повторно ќе се напие, но знае дека не сака повеќе да се чувствува така и да не се сеќава на важните работи што ѝ се случиле. Проблемите што ги има ќе се обиде да ги реши преку терапија, а ќе се откаже од алкохолот.

Криси е во брак со популарниот пејач Џон Леџенд, со кого има две деца, ќерка и син, Луна и Мајлс. Како што пишувавме, овој славен пар веќе извесно време се обидува да добие трето дете и тоа преку медицински потпомогнато оплодување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајрами: Не чувствуваме притисок пред дуелот со ЦСКА Софија, концентрирани сме на играта

Следно

Трент Бутрик е новиот адут под кошевите на ТФТ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian