Јувентус потпиша со наследникот на Де Лихт

1 min read

Најдобриот штопер во Серија А за минатата сезона, Глеисон Бремер од денеска и официјално е нов фудбалер на Јувентус.

„Старата дама“ се согласи да му плати 50 милиони евра на градскиот ривал Торино за трансферот на Бремер, 41 милион евра фиксно плус девет милиони во бонуси. Оваа сума е далеку поголема од таа што ја нудеше Интер кој долго време беше фаворит за потпис со Бразилецот и дури ги договори личните услови со фудбалерот.

Но, Јувентус понуди повеќе пари и Торино ја прифати понудата на градскиот ривал, додека Бремер денеска потпиша четиригодишен договор со кој ќе заработува четири милиони евра по сезона плус еден милион бонус.

Бремер доаѓа во Јувентус како замена за Матијс де Лихт кој се пресели во Баерн Минхен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Владата одлучи – испраќаме хеликоптер и 30 војници во Грција

Следно

Владата усвои информација од МЗ за случајот со Жан Митрев, министерството формира комисија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian