Трент Бутрик е новиот адут под кошевите на ТФТ

1 min read

Екипата на ТФТ го потврди второто странско засилување за следната сезона, тоа е Американецот Трент Бутрик.

Бутрик ќе биде новиот адут на тренерот Боро Смилковски во играта под кошевите, крилниот центар доаѓа од Универзитетот Масачусетс каде просечно постигнуваше по 10,7 поени и 6,4 скокови по натпревар.

– Со гордост ви го претставуваме потписот на Трент Бутрик за кошаркарски клуб ТФТ.  Во својата прва професионална сезона, Трент доаѓа од универзитетот Масачусец каде имаше просек од 10,7 поени и 6,4 скока, со речиси 40 отсто реализација на шутот за три поени. Тој е познат по неговиот силен карактер и цврстина и ние сме многу среќни што го имаме во нашиот тим! – напиша ТФТ на социјалните мрежи.

Претходно, за освојувачот на кошаркарскиот Куп потпиша и Тревор Јасински.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | 365 дена без капка алкохол: Криси Тиген секогаш искрена за нејзината зависност

Следно

ФОТО | Линда Евангелиста се враќа на модната сцена: Манекенката позираше за кампањата на „Фенди“ со високо крената глава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian