Шумски пожар во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина

1 min read

Кусо пред 14 часот по локално време избувна нов шумски пожар во областа Атика, поширокиот регион на Атина, овој пат во западниот дел, а превентивно беа евакуирани жителите од мала населба.

Станува збора за предградието Мегара каде што и лани имаше пожари.

Пожарот брзо се прошири поради боровата шума, но засега е далеку од домовите, иако конкретната област не е густо населена.

Преку порака од бројот за итни случаи 112 беше побарано од жителите на мала населба превентивно да се евакуираат.

Интервенираат 45 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила, пожарникари волонтери, како и седум авиони и четири хеликоптери, од кои еден е за координација.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бутел ќе добие парк во чест на олимпискиот медал на Дејан Георгиевски

Следно

ВИДЕО, УФЦ: Кинез го победи „телохранителот на Путин“, па му го зедоа знамето додека славеше

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian