Помалку од половина од нашите закони се усогласени со европските

1 min read

„Согласно нашите анализи, во државата веќе има 45 проценти усогласување во делот на законодавството и доколку се продолжи со таа динамика, темпото ќе биде побрзо од Србија и Црна Гора, кои преговараат веќе десет години“, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Тој во изјава за „Алсат М” потврди дека вчера официјално започна процесот на скрининг, и тоа во рамки на состанокот кој се одржа во Брисел заедно со делегацијата на Република Албанија, при што било објаснето кои се чекорите кои следуваат, што е она што треба ние да се подготвиме и бил споделен календар за нашите наредни активности.

Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека на средината на септември почнува скринингот и по кластери и по поглавја.

-Најпрво, во прва фаза, ќе одиме со дополнување на оној објаснувачки скрининг, каде што Европската комисија нам ќе ни претстави што е тоа што треба да усогласиме до членството, а потоа и билатералниот кога ќе се вклучат земјите членки со свои наоди, со свои гледишта, и врз основа на тоа, тоа ќе трае едно 14-16 месеци, и во тој период ние ќе треба да ги изработиме и оние клучни документи, додаде Маричиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Влегуваат во историјата: Тие се првите што ќе одржат концерт на работ на вселената

Следно

Цените на нафтата паднаа под 106 долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian