Петков во посета на Азербејџан во обид да обезбеди дополнителни количества гас за Бугарија

1 min read

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков утре и в петок ќе престојува во главниот град на Азербејџан, Баку.

Предвидено е Петков да се сретне со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

Главна тема на разговорите, на кои ќе учествуваат и министрите за енергетика на Бугарија и на Азербејџан, ќе биде соработката во областа на енергетиката и можностите за дополнителни испораки на азербејџански гас за Бугарија, надвор од веќе договорената квота преку новиот интерконектор Грција – Бугарија.

Бугарија е еден од трите приматели на азербејџански гас во Европа.

Петков во Баку ќе оствари и работна средба и со претставници на Бугарско-азербејџанската трговско-индустриска комора и со претседателот на пратеничката група за пријателство меѓу Азербејџан и Бугарија.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Остин: САД ќе и испратат на Украина уште четири артилериски ракетни системи ХИМАРС

Следно

ВИДЕО| Комедии: Барселона не може да печати дресови на Левандовски бидејќи им снемало букви!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian