Ѓоковиќ се надева на промена на одлуката, неговото име е на учесници на Мастерсот во Синсинати

1 min read

Победникот на најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон, Новак Ѓоковиќ се наоѓа на листата на учесници за Мастерсот во Синсинати, но тоа не значи дека сигурно ќе настапи.

Бидејќи не е вакциниран против коронавирус, Новак Ѓоковиќ не може да влезе во САД и во Канада, но ситуацијата би можела да се промени доколку се променат условите за влез во земјата или доколку евентуално добие специјална дозвола за влез од власите.

Во меѓувреме е покрената петиција со која се бара на Ѓоковиќ да му биде дозволено да настапи на последниот годинешен гренд слем турнир, УС Опен.

Мастерсот во Синсинати ќе се игра од 13 до 21 август и ќе претставува генерална подготовка пред УС Опен кој треба да се игра од 29 август до 11 септември.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чадот од пожарот во Атина стигна речиси до Крит

Следно

Неда Украден позира со своите внуци во костим за капење: Има 71 година, а изгледа како мисица, на што се должи нејзината тајна?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian