Официјално: Дибала е новиот „војник“ на Мурињо

1 min read

Жозе Мурињо успеа да донесе голема фудбалска ѕвезда во Рома, од денеска Пауло Дибала и официјално е фудбалер на „римската волчица“.

Челниците на Рома уште во јуни стапија во контакт со агентите на аргентинскиот репрезентативец, а разговорите за можен трансфер се интензивираа во текот на изминатата недела и тоа на инсистирање на тренерот Жозе Мурињо откако стана јасно дека Дибала нема да потпише за Интер.

Иако беше се договорено, челниците на Интер ги променија условите и наместо тригодишен, му понудија едногодишен договор, по што Дибала одлучи да ги прекине преговорите. Во меѓувреме се јави и Наполи, но „римската волчица“ беше поконкретна и поубедллива. Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, пред трансферот разговарал со Дибала и го убедил да дојде во Рим.

Дибала со Рома потпиша договор до 2025 година, а годишната плата ќе му изнесува шест милиони евра плус бонуси.

Дибала во главниот град на Италија пристигна како слободен играч, бидејќи му истече договорот со Јувентус. За „старата дама“ настапуваше седум години, а претходно играше за Палермо и аргентинскиот Институто. Пред Дибала летово во Рома пристигнаа и Немања Матиќ, Миле Свилар и Зеки Челик.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ставен под контрола големиот пожар во близина на Атина

Следно

ВИДЕО | Човек учи додека е жив: Џузепе Патерно е највозрасниот студент во Италија со полни 98 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian