Неда Украден позира со своите внуци во костим за капење: Има 71 година, а изгледа како мисица, на што се должи нејзината тајна?

4 mins read

Пејачката и ова лето покажа завидна фигура на 71 годишна возраст. Комплиментите пристигнаа од сите страни на Балканот, а нејзината тајна е, вели, во липосукцискта исхрана.

И ова лето не останавме скратени од нова серија фотографии објавени на Инстаграм профилот на Неда Украден, пејачка која важи за најубава баба на сцената на цел Балкан. Украден има фигура на која многумина можат само да ѝ позавидат.

Фото: Промо

Неда има полни раце работа во текот на летово, но моментно замина на краток одмор и ја искористи оваа прилика да се соблече во костим за капење и да сподели фотографии со своите обожаватели. Украден позираше со сламена шапка на главата, додека лицето го криеше со црни очила за сонце.

– Одмор, но на кратко – напиша во описот на фотографијата, а комплименти за нејзиниот изглед доаѓаа од сите страни: „убава како и секогаш“, „една од најубавите жени“, „страсна и неодолива“, „убавица“ – ова се само дел од коментарите.

Неодамна, Украден исто така изненади со семејни фотографии од плажа, поточно од базен каде позира со своите внуци.

Да се потсетиме дека Украден ја откри за време на коронакризата и нејзината тајна за слабеење и оттогаш често во јавноста ја повторува. Имено, откако качила неколку килограми повеќе за време на коронакризата и домашната изолација, кога времето најчесто го поминувала во кујна, пејачката брзо ги стопила масните наслаги со помош на „Липо“ напивките и липосукциската исхрана.

Што е липосукциска исхрана?

 

Липосукциска исхрана подразбира протокол за слабеење и правилна исхрана за одржување на телесната тежина, кој вклучува и додатоци во исхраната кои придонесуваат за контрола на телесната тежина и го намалуваат чувството на глад. Диетотерапискиот третман за слабеење функционира на принципот на метаболичко претворање на мастите во енергија. Односно, им овозможува на лицата кои имаат проблеми со прекумерна акумулација на масно ткиво, да го „натераат“ телото, преку активација на метаболизмот на мастите, да се храни со сопствените масни резерви. Тајната на липосукциска исхрана е во специфичната формула на амино-киселини, кои го активираат ензимот липаза. Така, амино-киселините делуваат на засилено искористување на мастите за добивање енергија – се зголемува ослободувањето на масни киселини, се намалува искористувањето на гликозата и се зголемува синтезата на гликоген во клетките, а последица на тоа е брзото слабеење.

– Тоа е природен процес кој ја поттикнува редукцијата на масти и задржувањето на гликоза во крвта на ниво кое помага да загубиме 10 отсто од телесната тежина во текот на еден третман. Најважно е дека не сме гладни, дека килограмите ги губиме брзо и дека режимот е сто отсто безбеден за здравјето. Амино-киселините се консумираат во форма на прашок кој треба да се раствори во вода. Тие не го заменуваат оброкот, туку ги активираат масните резерви со кои организмот се храни – значи, ги топат мастите и ги претвораат во енергија –  објаснува д-р Валентина Крстеска, раководителка на „Липо диет“ центарот во Скопје.

Протоколот е сосема сигурен за здравјето. Не чувствуваме глад, нема пад на шеќерот и на енергијата, се чувствуваме одлично, а килограмите се губат брзо, со што сме дополнително мотивирани да продолжиме понатаму. Првите резултати се видливи веќе по 72 часа.

Фото: Промо

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот, (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

*Комерцијален ПР текст

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ се надева на промена на одлуката, неговото име е на учесници на Мастерсот во Синсинати

Следно

Беким Сали за случајот „Жан Митрев“: Експеримент е тежок збор, јавноста не треба да биде лошо насочена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian