МВР: Приведен осомничен за палењето на автомобилот на пратеникот Ристески

2 mins read

Ноќеска во Прилеп беше опожарен автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески во Прилеп, при што огнот го зафатил и автомобило тна неговиот татко, соопшти МВР.

-На 20.07.2022 во полициска станица во СВР Битола-ОВР Прилеп е приведено едно лице, кое е осомничено во врска со пријавата во 01.45 часот дека на ул.„Цар Самоил” во Прилеп настанал пожар во патничко возило „шкода кодиак”, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп, од кој било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р, соопшти МВР.

Според соопштението на полицијата пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

За случајот првично информираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој случајот го нарече „кукавички чин зад кој стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ“.

Владејачката СДСМ го осуди палењето на автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески и го повика МВР да го расчистат случајот.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска побара веднаш отворање на истрага и брза реакција за пронаоѓање на виновниците бидејќи токму МВР, Спасовски и СДСМ многу добро ги знаат извршителите на овој кукавички чин.

-Овој гнасен и кукавички чин претставува директен напад и обид за заплашување како на пратениците, така и на граѓаните, рече Стојаноска.

Таа потсети и на случаите со опожареното возило на еден опозициски пратеник од Струга, како и опожарениот семеен дуќан на уште еден опозициски пратеник од Скопје, при што нагласи дека во државава „народот живее во страв за својата безбедност, ама затоа криминалците на СДСМ живеат без гајле“.

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Гладијаторот ја посети својата „стара канцеларија“: Расел Кроу ужива во Рим и се подготвува за нова главна улога

Следно

Градски паркинг – Скопје: Активирана функцијата „СМС порака за потсетување за активно паркирање“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian