Лавров: Целта на Русија веќе не е само Донбас, туку и други територии

1 min read

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека географските задачи на „специјалната операција“ во Украина се променети и оти тие сега ја опфаќаат не само територијата на Донбас, туку и бројни други територии, пренесе Бета.

– Географските задачи на руската специјална воена операција во Украина се сменија – веќе не се работи само за Луганск (ЛНР) и Доњецката Народна Република (ДНР). Една од причините за тоа е испораката на американските повеќецевни ракетни лансери HIMARS на Киев“ рече Лавров во интервју за државната агенција РИА Новости и Раша Тудеј (РТ).

Според него, задачите поставени од рускиот претседател Владимир Путин сè уште се во сила, а тоа се „денацификација и демилитаризација“, во смисла да нема воени закани од територијата на Украина.

– Кога имаше состанок на преговарачите во Истанбул, постоеше една географија и нашата подготвеност да го прифатиме украинскиот предлог се базираше на таа географија, на географијата од крајот на март 2022 година, рече рускиот министер за надворешни работи.

Тој истакна дека сега географијата е „поинаква“.

– Далеку од тоа дека се само ДНР и ЛНР, тоа се и Херсонската област, областа Запорожје и голем број други територии, а тој процес продолжува и продолжува, постојано и упорно, рече Лавров.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Човек учи додека е жив: Џузепе Патерно е највозрасниот студент во Италија со полни 98 години

Следно

Бутел ќе добие парк во чест на олимпискиот медал на Дејан Георгиевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian