„Кралот на стриминг услугите“ изгуби нови милион претплатници: Дали „Нетфликс“ го гледа спасот во популарната серија „Stranger Things“?

2 mins read

Долго време уживаше во статусот „крал на стриминг услугите“, а сега „Нетфликс“ се соочува со предизвикот да ја задржи таа круна.

Како што пренесува Би-Би-Си, тие изгубиле речиси милион претплатници од април до јули. Стриминг сервисот го објави својот извештај за вториот квартал од 2022 година, откривајќи дека изгубил 970 илјади претплатници во тој период и покрај тоа што тогаш беше објавена четвртата сезона од популарната серија „Stranger Things“.

Иако ова е прилично голема бројка, сепак е помала од онаа што „Нетфликс“ ја предвиде во април со проектирана загуба од 2 милиони претплатници. Проекцијата вклучуваше загуба на 700.000 претплатници од Русија откако стриминг гигантот ја напушти земјата поради инвазијата на Украина.

„Ако нешто го забави падот на претплатниците, тоа е серијата „Stranger Things“, рече извршниот директор на „Нетфликс“, Рид Хестингс.

Четвртата сезона на мегапопуларната серија „Stranger Things“, која беше номинирана за 13 „Еми“ награди, излезе во два дела. Првите седум епизоди беа емитувани на 27 мај, додека последните две беа емитувани на 1 јули, што не им се допадна на фановите, како и веста дека ќе почнат да наплаќаат за споделување лозинки.

Новата сезона на популарната серија беше голем успех и и помогна на компанијата барем малку да го забави „егзодусот“ на претплатниците.

Нетфликс ја пријави својата прва загуба од април 2011 година, проследена со стотици отпуштања и пад на вредноста на акциите.

Извештајот од вторникот покажа најголем пад на претплатниците, најмногу во САД и Канада, по што следи Европа.

Нетфликс најавува големи инвестиции со околу 18 милијарди долари кои ќе ги потрошат за развој на содржина оваа година. А што ни подготвуваат останува да видиме.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Градски паркинг – Скопје: Активирана функцијата „СМС порака за потсетување за активно паркирање“

Следно

Нови 792 заболени од КОВИД, оздравени 317 пациенти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian