И вториот тим на Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за новата сезона

1 min read

Со уште помлад состав од минатата сезона, екипата на Еурофарм Пелистер 2 почнува трета сезона со Александар Јовиќ на клупата.

Со остварени цели во претходните две, екипата собра многу симпатии и се избори за европско место во квалификациите на Европската лига. Тимот е во конструкција, но пак се потпира на млади македонски играчи. Единствен странец е младиот црногорски голман Василије Пичурица, кој дојде од Струга.

Подготовките ќе минат во две фази, во Битола и Маврово, а првиот официјален натпревар ракометарите ќе го играат на 27 или 28 август против Алпла Хард во Австрија во рамки на квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

– Нов почеток дури и со подмладена екипа во споредба со претходната сезона. Имаме неколку заминувања, неколку нови ракометари, но ќе продолжиме со истиот дух. Секако дека Еурофарм Пелистер 2 може да ја повтори претходната сезона во која бевме четвртопласирани. Остваривме голем резултат за битолската публика и за градот. Ќе ги повикам гледачите кога ќе ги играме европските натпревари да дојдат да нè поддржат, бидејќи ќе оставиме срце на терен. Првиот дел од подготовките ќе ги минеме во Битола, вториот од 13 август се селиме во Маврово, каде ќе играме контролни натпревари. Максимално ќе се подготвуваме за сезоната која ни претстои и за натпреварите во ЕХФ Лига Европа – изјави Филип Арсеновски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гаскад: Испораката на руски гас преку Северен поток ќе продолжи утре

Следно

Најмалку осум лица загинаа при турски напад врз северен Ирак

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian