И во оваа скопска општина повисоки плати за општинската администрација

1 min read

Градоначалникот на општина Аердором,Тимчо Муцунски, заедно со Претседателот на гранскиот синдикат ССКО на РМ при КСС Зоран Антовски и претседателот од подружницата на Синдикалната организација на Општина Аеродром Жарко Костески го потпишаа првиот Колективен договор, со што ќе се изврши линеарно зголемување на платата на вработените во администрацијата од 2800 денари.

 Градоначалникот Муцунски истакна дека оваа мерка се спроведува со цел да се постигне подобрување на условите во кои работат административните службеници, бидејќи мотивиран персонал може да постигне многу повеќе за граѓаните и за општината. Истовремено, констатираше дека оваа мерка е неопходна, особено во време кога се соочуваме со висока инфлација и општа економска криза.

 Со усогласувањето се предвидува линеарно зголемување на платата на сите вработени во општинската администрација, освен на оние лица чија плата веќе беше зголемена со самото покачување на минималната плата. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Беким Сали за случајот „Жан Митрев“: Експеримент е тежок збор, јавноста не треба да биде лошо насочена

Следно

„Демократска Бугарија” сака да види кого бугарските социјалисти ќе предложат за премиер, по што ќе одлучат дали ќе учествуваат во новата влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian