Гвардиола демантира дека Нејмар му бил понуден на Сити

1 min read

Синоќа во медиумите се појави ексклузивна информација дека Нејмар му бил понуден на Манчестер Сити, но трансферот го стопирал менаџерот на „граѓаните“ Хосеп Гвардиола.

Медиумите вчера пишуваа дека челниците на ПСЖ му го понудиле Нејмар на англискиот шампион во замена за Бернардо Силва, но понудата била одбиена од Гвардиола кој денеска ја демантираше оваа информација.

-Жал ми е, но тоа не е вистина. Нејмар е неверојатен фудбалер, и според она што го слушнав, одлично момче, но овие информации не се точни. Според медиумите, секое лето Сити сака да купи 150 фудбалери – рече Гвардиола.

Управата на ПСЖ откако потпиша нов тригодишен договор со Килијан Мбапе, одлучи да се отараси од Нејмар и веќе го понудил на неколку екипи, но никој не сакал да го купи Бразилецот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вработените во Гази Баба ќе добијат плати повисоки за 2.800 денари

Следно

Чизкејк во чаша: Совршен десерт готов за 10 минути

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian