ФОТО | Северина во ист ресторан на Корчула со славните холивудски фаци, едниот ја измеркал

1 min read

Холивудските ѕвезди веќе извесно време летуваат во Хрватска. Хрватската пејачка Северина Вучковиќ во моментот со пријателките е на одмор на Корчула, а топлите летни денови ги поминуваат на островот Врник.

Додека престојувале на Корчула во меѓувреме со јахта пристигнале и славните холивудски ѕвезди.

Северина сподели неколку објави на Инстаграм на кои може да се види како руча во истиот ресторан како Метју Меконахи, Вуди Харелсон, Крис Рок, Ванда Сајкс, Саша Барон Коен и раперот Шон Комбс, во јавноста познат како Пи Диди.

Станува збор за ресторан на островот Врник, недалеку од Корчула. Северина дошла на вечера со пријателките, а на масата спроти нив седеле холивудските фаци. Една од пријателките на пејачката ја снимила Северина како поминува покрај нивната маса и ја поздравува познатата екипа.

„Здраво, здраво“, рекла Северина. На нејзиниот поздрав, актерите се свртеле и ја поздравиле, додека П. Диди ја измеркал од глава до петици.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Поздрав, Паф Диди, Метју Меконахи, Вуди Харелсон, Крис Рок…“, напишала нејзината пријателка со видеото.

Сплитската пејачка подоцна се пофалила со автограмот од Вуди Харелсон, што го добил нејзиниот син.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пријателката на Северина, сплитската фотографка Соња Дворник, се фотографирала со актерите и се пофалила со фотографиите на својот инстаграм-профил.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Криза или добар маркетинг: Северина „топлес“ ја најави својата летна турнеја

ВИДЕО | Матурска забава: Погледнете како изгледала Северина на 19 години

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Барселона демонстрира моќ, му даде шест гола на Интер Мајами

Следно

Бугарските медиуми за стартот на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian