ФОТО | Гладијаторот ја посети својата „стара канцеларија“: Расел Кроу ужива во Рим и се подготвува за нова главна улога

1 min read

Австралиски глумец од новозеландско потекло, Расел Кроу моментално е во Рим каде се подготвува да го игра главниот егзорцист на Католичката црква, отец Габриел Пјетро Аморт. Најпознатиот гладијатор на сите времиња има главна улога во филмот „Егзорцистот на папата“, филм во режија на Џулиус Ејвери.

Актерот на социјалната мрежа на Твитер се пошегува објавувајќи фотографија со опис:

„Ги носам децата да ја видат мојата стара канцеларија“.

Кроу се подготвува за улогата на ватиканскиот отец Габриеле Аморт, кој напишал два мемоари врз основа на неговото искуство со истерување на демони за католичката хиерархија. Свештеникот извршил над 100.000 егзорцизми и доживеал да раскажува за нив. Тој почина во 2016 година на 91-годишна возраст.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Демократска Бугарија” сака да види кого бугарските социјалисти ќе предложат за премиер, по што ќе одлучат дали ќе учествуваат во новата влада

Следно

МВР: Приведен осомничен за палењето на автомобилот на пратеникот Ристески

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian