ФОТО | Бред Пит шокираше со стајлингот: Холивудскиот заводник се појави во здолниште!

1 min read

Познатиот актер Бред Пит продолжува да го промовира својот нов филм „Bullet train“ во кој игра со Сандра Булок, па решил да облече нешто сосема неочекувано за премиерата во Берлин.

Холивудскиот срцекршач Бред Пит (58) ги изненади сите со својот смел стајлинг на премиерата на филмот „Bullet Train“ во Берлин. Актерот се појави во лежерен стил, а наместо панталони облече здолниште.

Фото: Профимедиа

Имено, Бред Пит е познат по својот лежерен, малку „збрчкан“ стил, во лето не излегува од ленени парчиња, но за оваа прилика наместо панталони облече здолниште.

Здолништето до колена го комбинирал со робусни чизми и кардиган. На себе имал и златно ланче со голем привезок како и очила во неговиот препознатлив стил.

Фото: Профимедиа

Интересно е дека холивудскиот заводник што уште во 2004 година на промоцијата на филмот „Троја“, предвидел дека мажите ќе имаат здолништа во своите плакари.

„Мажите следното лето ќе носат здолништа. Тоа е мое предвидување и најава. Филмот им одговара на припадниците на двата пола. Сакавме реализам, а Грците во тој период постојано носеле здолништа“, рекол тогаш Бред.

Фото: Профимедиа

Бред Пит: Никогаш не требаше да го снимам тој филм

Бред Пит верува дека страда од прозопагнозија: Болест која оневозможува да препознавате лица

Анџелина Џоли својот дел од имотот со Бред Пит го продала на руски тајкун?!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ф1: Мецедес губи, па Волф „плаче“ дека сезоната била досадна

Следно

Став на македонисти за унилатералната изјава на Македонија за македонскиот јазик

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian