Ф1: Мецедес губи, па Волф „плаче“ дека сезоната била досадна

1 min read

Австрецот се жали на доминацијата на Ред бул и Ферари, поради што наводно Ф1 не е интересна, а кога Мерцедес доминираше, не коментираше

Шефот на тимот на Мерцедес Тото Волф даде изјава за медиум дека сезонава трките во Формула 1 се – досадни?! А причина за тоа, според Австриецот, е огромната доминација на тимовите на Ред бул и на Ферари, кои ги поделија победничките пиедестали на досегашните 11 трки од сезонава.

– Мислам дека причината зошто трките не се толку интересни е фактот што само два тима имаат огромна доминација во однос на останатите – изјави Волф за „Индипендент“.

Она што е интересно е тоа што Волф не даваше слични изјави за време на доминацијата од осум години на Мецедес, кога „сребрените стрели“ не губеа повеќе од две-три трки по сезона.

Оние што се малку пообјективни забележуваат дека во 2022 година трките во Ф1 се многу поатрактивни одошто беа во последната декада и покрај фактот што само два тима победуваат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Знамето на Европа подигнато пред владата во Тирана

Следно

ФОТО | Бред Пит шокираше со стајлингот: Холивудскиот заводник се појави во здолниште!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian