Димитриевски се врати во Шпанија, потпиша за Ваљадолид

2 mins read

Македонскиот ракометар Дарко Димитриевски во следната сезона ќе настапува во Асобал Лигата и тоа за екипата на Ваљадолид.

Димитриевски во Ваљадолид доаѓа од екипата на Емстеден кој испадна во третата германска лига по што Македонецот одлучи да се врати во Шпанија. Тој веќе има искуство од играње во Асобал лигата и тоа во екипите на Сагунто, Адемар Леон и Сантандер. Во Шпанија Димитриевски беше пет сезони и одигра 118 натпревари на кои има постигнато 266 голови.

– Многу сум среќен се враќам во Шпанија и ќе играм во Асобал лигата и тоа за тимот на Ваљадолид. Мислам дека брзо ќе се адаптирам на новата средина и мислам дека ќе имаме добри резултати во новата сезона – изјави Димитриевски за шпанските медиуми.

Тој е вториот Македонец по Димитар Димитриоски кој потпиша за Ваљадолид ова лето. Екипата ја засилија и Николо Д’Антино, Педро Мартинез Ајрес, Даниел Вирулегио, Енрике Петер Солента и Жозе Де Толедо.

Задоволство од потписот со Димитриевски искажа и тренерот на Ваљадолид, Давид Писонеро кој во минатото седеше и на клупата на Вардар.

– Тој е добар во игра еден на еден блиску до пивотот, и е одличен дефанзивец. Димитриевски ќе ни помогне многу, посебно во играта во одбраната, а во нападот со него ќе добиеме шут од далечина како и доста поголема комбинаторика и инволвираност со пикетот – рече Писонеро.

Димитриевски кариерата ја започна во Вардар, а потоа играше и за Куманово, Катар Спорт, Пуерто Сагунто, Адемар Леон, Чургои, Металург, Борец, Хапоел Ашдод, Емсдетен.

Има искуство и во ЕХФ Лигата на шампионите со РК Металург (2016-2018), а претходно играше во Купот на ЕХФ со РК Куманово, Адемар Леон и Чургои КК.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пожар од Италија се прошири кон Словенија

Следно

Влегуваат во историјата: Тие се првите што ќе одржат концерт на работ на вселената

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian