„Демократска Бугарија” сака да види кого бугарските социјалисти ќе предложат за премиер, по што ќе одлучат дали ќе учествуваат во новата влада

1 min read

Демократска Бугарија” ќе одлучи дали ќе поддржи нова бугарска влада со третиот обид за мандат на Бугарската социјалистичка партија, дури откако ќе стане јасно името на кандидатот за премиер, коментира копретседателот на Бугарската демократска партија Христо Иванов.

Според Иванов, очекувањата на ДБ се третиот мандат да се смета како генерален мандат, што ќе претставува втор обид и продолжување на првиот мандат на „Продолжуваме со промената” и дека ќе се посочикандидат за премиер од „Продолжуваме со промената”, како основа да се користи програмата што беше договорена во првиот мандат, и нормално мандатот да биде општ, колективен мандат отколку некој да се обидува да ја наметнуваат својата идеолошка визија за тоа. Врз основа на тоа кој ќе биде предложен од БСП за кандидат за премиер, тогаш Националниот совет на БСП ќе донесе конечна одлука дали ќе учествува во идната бугарска влада.

Според Иванов, најголемата пречка се несогласувањата меѓу „Продолжуваме со промената” и „Има таков народ”, доколку се надминат, има шанса да се формира нова бугарска влада.

Христо Иванов коментира дека ДБ немаат проблем доколку Асен Василев биде предложен за премиер, а поранешниот министер за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков, на чело на Антикорупциската комисија на Бугарија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И во оваа скопска општина повисоки плати за општинската администрација

Следно

ФОТО | Гладијаторот ја посети својата „стара канцеларија“: Расел Кроу ужива во Рим и се подготвува за нова главна улога

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian