Беким Сали за случајот „Жан Митрев“: Експеримент е тежок збор, јавноста не треба да биде лошо насочена

2 mins read

Експеримент е тежок збор, ако имало такво нешто ќе докажеме, јас никого не штитам, немам никаков мотив, рече денеска на прес конференција министерот за здравство, Беким Сали.

– Употребата на хемофилтрацијата како метод не е ништо ново, ваков метод се користи на Клиниката за кардиохирургија и на КАРИЛ. Прашањето е дали и кога се користела во клиниката „Жан Митрев“ и дали употребата на хемофилтрацијата во рана фаза е ризична за животот на пациентите. Јавноста не треба да биде лошо насочена, не можеме да дадеме прецизни резултати од вонредниот инспекциски  надзор за 48 часа. Ќе соработуваме со сите органи, со цел да се потврди  вистината  за работењето на клиниката „Жан  Митрев, рече Сали.

Директорката на ДСЗИ Иринка Сотировска Бухова, информираше дека во „Жан Митрев“ во последните три години се спроведени 3 редовни и 9 вонредни инспекциски надзори.

– За пет случаи се спровел инспекциски надзор поради сомнеж за лекување надвор од  протоколот. Исто така имаше надзор  и за пациентка која била пријавена по грешка како почината. ДСЗИ констатираше недостатоци како динамика на пријавување на заразни болести и пропуст за водење евиденција на лица со заразни нолести. Забелешките биле отстранети, рече Бухова.

Таа нагласи дека вонреден  инспекциски надзор може да иницира Министерство за здравство или фамилијата или застапник на фамилија на  пациентот. Исто така на барање на Хелсиншки комитет, правобраниел или друга организација.

Директорот на МАЛМЕД Лирим Шабани рече да  не очекуваме вработените во МАЛМЕД да  вршат инспекторски дејствија.

– Немој да очекувате истражувачки дејствија од  инспекторски од МАЛМЕД. Филтрите што се користат за хемофилтрација се регистрирани со уредни решенија,  ние не ја оспоруваме методата, рече Лирим Шабани.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неда Украден позира со своите внуци во костим за капење: Има 71 година, а изгледа како мисица, на што се должи нејзината тајна?

Следно

И во оваа скопска општина повисоки плати за општинската администрација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian