Бајрами: Не чувствуваме притисок пред дуелот со ЦСКА Софија, концентрирани сме на играта

2 mins read

Освојувачот на домашниот Куп, екипата на Македонија ЃП утре ги започнува настапите во европските купови и тоа против ЦСКА Софија во рамки на второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции.

Тренерот на „лавовите“, Муарем Бајрами вели дека неговите фудбалери се подготвени да се надигруваат со бугарскиот тим на кого му ја препуштаат фаворитската улога. Исто така Бајрами вели дека екипата не чувствува притисок пред утрешниот натпревар по случувањата на политички план на релација Скопје – Софија.

– Добро знаеме дека играме против една од најдобрите екипи на Балканот, па затоа и ја препуштаме фаворитската улога. Но, убеден сум дека ние ќе одиграме одличен натпревар затоа што макотрпно 40 дена се подготвувавме за овој меч кој многу ни значи. Добро го анализиравме противникот, ЦСКА е фаворит но ги знаеме и нашите математики, амбиции и цели“. Јасно ни е дека играме со бугарска екипа, но никој кај нас апсолутно поради тоа не чувствува некаков дополнителен притисок. Концентрирани сме на играта, и фокусот е како да одиграме најдобро кон позитивен резултат. Имаме навистина прецизни информации за тимот на ЦСКА. Знаеме како играат и каква филозофија негува нивниот тренер. Се работи за силен тим против кој ќе треба да се одигра максимално во текот на сите 90 минути. Негуваат офанзивен фудбал, а наше е сето тоа да го блокираме и секако да ги искористиме нашите шанси – вели Бајрами.

Оптимист во добар резултат е и капитенот Ердемин Адем.

– Знаеме дека противникот е фаворит, за разлика од нас кој сме претежно млад тим. За добар дел од играчите ова е прва посериозна европска пресметка за да може да видиме до каде сме. Но, може да ветиме дека ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до позитивен резултат пред реваншот во Софија. Свесни сме дека ќе има и пеколни временски услови за игра, ќе биде тежок дуел но ќе го дадеме максимумот за да ги израдуваме сите наши навивачи – изјави Адем.

Натпреварот ќе започне во 17.30 часот, а ќе се игра на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарското собрание го прифати предлогот за купување осум нови Ф-16 авиони

Следно

ВИДЕО | 365 дена без капка алкохол: Криси Тиген секогаш искрена за нејзината зависност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian