Ја тепале, на две години одела на солариум и била на диета: Каде е денес најубавото девојче на Америка?

3 mins read

Кога започна да се емитува ТВ-шоуто „Toddlers and tiaras“, малку е да се каже дека светот беше во шок.

Иако е познато дека во Америка ги сакаат детските натпревари за убавина, а многу мајки во нив гледаат и можност да им обезбедат на своите деца посветла иднина, неизбежно е децата често да поминуваат низ вистинска тортура, а сè со цел да изгледаат „совршено“.

Солариуми, вештачки нокти, коса, па дури и заби, кореографија, костими, вежбање со часови дневно, се само дел од она што било потребно за некое дете да биде прогласено за „најубаво девојче или момче“.

И додека многумина не гледаат ништо лошо во вакво нешто, зад сиот тој гламур, се криела и темна страна, а тоа најдобро го почувствувало девојчето – Еден Вуд.

Лицето на ова девојче веројатно на сите ви е познато. Еден уште од раните години победувала на разни натпревари за убавина, а била прогласена и за најубавото девојче во цела Америка.

Нејзината мајка Мики ја вовела во светот на натпреварите кога имала само две години, инсистирајќи русокосата Еден секогаш да биде дотерана, со совршена коса, нашминкана и облечена во дамски фустани од тил.

Мики до таа мера сакала да ја „зачува убавината“ на својата ќерка, што ја терала да јаде само нискокалорична храна, ја носела и на солариум, а на крајот и секојдневно ѝ давала енергетски пијалаци, за Еден да биде добро расположена.

Ваквиот начин и темпо на живот не се одразиле добро на здравјето на оваа млада дама – таа континуирано имала силни главоболки, а добила и дигестивни проблеми.

Подоцна на виделина испливаа и информациите дека Мики често ја тепала ќерка си, со цел на Еден „да ѝ создаде отпор кон стресните ситуации“.

На крајот, оваа мајка била предупредена дека мора да го промени своето однесување за државата да не ѝ го одземе детето, а и самата Еден решила да престане да се натпреварува кога наполнила шест години и ја освоила својата 300-та титула!

Таа денес има 15 години, а сè уште се занимава со манекенство, но во многу помала атмосфера. Имала епизодни улоги во неколку филмови, напишала автобиографска книга, а се испробала и во блогерските води.

И покрај тоа што оваа тинејџерка успеала донекаде да се врати во нормалното растење, последиците од одземеното детство се трајни, што може да се забележи и по нејзиниот изглед, но и по стилот на живот кој наликува на една 20-годишна девојка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Завршена истрагата: Објавена причината за смртта на српската инфлуенсерка Кика

Следно

Македонските власти да бидат построги кон трговците со луѓе, порачува Стејт департментот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian