Во сообраќајна несреќа во Египет 22 загинати, 33 повредени

1 min read

Најмалку 22 лица загинаа, а 33 се повредени денеска во сообраќајна несреќа во близина на јужната египетска провинција Миња, соопштија властите.

Несреќата се случила утрово кога патнички автобус удрил во запрен камион на автопатот што го поврзува главниот град Каиро со јужниот дел на земјата.

Властите во соопштението наведоа дека камионот менувал гуми на патот кога автобусот удрил во него во градот Малави во провинцијата Миња, околу 220 километри јужно од Каиро.

Брзата помош од местото на настанот ги хоспитализирала повредените.

Сообраќајните несреќи годишно убиваат илјадници луѓе во Египет. Причина за несреќите се главно лошите патишта или лошото спроведување на сообраќајните закони.

kurir.mk

Претходно

ВМРО ДПМНЕ : Македонија ќе биде заложник на Бугарија на патот кон ЕУ

Следно

Уште едно модерно спортско игралиште во срцето на Општина Аеродром!

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian