Во Софија од денеска се враќаат маските против ковид-19

1 min read

Нови мерки за коронавирусот од денеска во Софија – маски во болници, социјални домови, аптеки, аптеки и оптичари. Меѓу мерките кои се препорачуваат се и носење маски и во јавниот превоз.

Засега мерките се воведени само во Софија, се очекува во рок од неколку дена слични правила да објават и други регионални здравствени инспекции на Бугарија. Локалните медиуми јавуваат дека се зголемува процентот на заразени со коронавирус во Бугарија.

Регистрирани се речиси 2.300 нови случаи во последните 24 часа од над 9.200 тестови, при што близу 25% од нив имаат позитивни примероци. Починаа 7 лица. Над 63 отсто од новозаразените не се вакцинирани против Ковид-19, покажуваат официјалните податоци на здравствените власти во Бугарија.

Директорката на Националниот центар за инфективни и паразитски болести, Ива Христова, коментира дека сега е време да се воведат антиепидемиски мерки, бидејќи тоа ќе го забави растот на новозаболените и ширењето на Ковид-19. Таа рече дека уште еден скок на коронавирусот се очекува во рок од неколку недели околу крајот на август.

Фактот дека во лето има бран по бран, според неа, докажа колку е стабилен вирусот и неговиот сој БА 5.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Оваа скопска улица денес ќе биде без вода

Следно

Груби: Со срце кон Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian