Вирусна инфекција која лесно се „закачува“ на базен: Се пренесува преку крпите, дури и преку плочките

1 min read

Во случај да одите на базен, користите јавни тушеви или, пак, на одмор, делите бања со непознати луѓе, бидете внимателни. Експертите предупредуваат дека можете да „соберете“ инфекција многу полесно отколку што мислите!

Преку крпите, но и од плочките под тушот можете да се заразите со вирусната инфекција – „мекотел контагиозум“ (molluscum contagiosum). Овој тип на зараза (мекотели) најчесто ги погодува децата и возрасните со ослабен имунитет, а кои се особено подложни на кожни болести.

Ако сте се заразиле, можете да очекувате вашите први мекотели да се појават помеѓу третата и седмата недела.

Бидете особено внимателни на базените, советуваат експертите.

– Molluscum contagiosum е вирусна инфекција. Се пренесува со контакт со заразени површини. На пример, преку крпи, плочки и така натаму. Честопати, инфекцијата се појавува во базен, но не во водата, туку под тушевите – напоменуваат специјалистите за заразни болести и додаваат дека мекотелите се многу заразни брадавици и многу брзо се шират, па затоа е неопходно нивно итно лекување.
Ако болеста се открие во почетната фаза, тогаш осипот ќе биде минимален.

– Инфекцијата се манифестира во форма на мали, белузлави папули (брадавици) на кожата. Важно е лекувањето да се спроведе навремено, кога ќе се појават поединечни осипи. Папулите се отстрануваат хемиски – со течен азот, како и механички – со пинцети – откриваат експертите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Играчот на Дортмунд, Себастијан Але боледува од рак на тестисите

Следно

Австралиските флора и фауна сè повеќе загрозени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian