Вили Вебер: Време е семејството Шумахер да ја каже вистината

1 min read

Поранешниот менаџер на Михаел е лут на семејството на големиот возач во Ф1 затоа што не му дозволува да го посети

Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер, го повикува семејството на Ф1 легендата конечно да ја каже вистината за неговата физичка и здравствена состојба.

Помина речиси цела деценија откако сега 53-годишникот падна на скијање во Франција, удирајќи си ја главата и здобивајќи се со повреди на мозокот. Оттогаш Германецот Шумахер не е виден, ниту слушнат јавно.

– Тоа беше огромна болка за мене. Се обидов стотици пати да ја контактирам неговата сопруга Корина а таа не ми одговори. Му се јавив на Жан Тод да го прашам дали да одам во болница и тој ми рече да почекам – рано е. Се јавив следниот ден и никој не ми одговори. Не очекував такво однесување и се уште сум лут поради тоа. Прво беше рано, а сега е предоцна. Поминаа девет години. Можеби треба само да кажат како е. Можев да ја разберам ситуацијата на почетокот бидејќи секогаш правев се што можев за Мајкл да го заштити својот приватен живот. Но, оттогаш слушаме само лаги од нив – изјавил Вебер (80).

Многумина го припишуваат раниот успех на Шумахер на Вебер, кој одигра клучна улога во воведувањето на возачот во Ф1.

И покрај неговите блиски врски со семејството на Германецот, скаутот на таленти со почит беше замолен да остане надвор од животот на Михаел Шумахер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од 1 до 31 октомври Попис на населението на Србија со електронски прашалници

Следно

ВИДЕО | Ѕвездата на „Игра на тронови“ по двете аневризми: Дел од мојот мозок е неупотреблив

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian