ВИДЕО | Ѕвездата на „Игра на тронови“ по двете аневризми: Дел од мојот мозок е неупотреблив

1 min read

Ѕвездата на „Игра на тронови“ Емилија Кларк, во неделата гостувала во емисијата „Неделно утро“ на „Би-би-си“ и зборувала за тоа како преживеала две аневризми на мозокот додека ја снимала популарната серија.

Тоа се случило во 2011 и 2013 година. Аневризма на мозокот е проширување на ѕидот на крвниот сад во мозокот за барем 50 отсто повеќе од нормалниот волумен.

– Дел од мојот мозок е неупотреблив. Неверојатно е што можам да зборувам, понекогаш артикулирано, и да живеам нормален живот без никакви последици. Припаѓам на мошне мала група на луѓе кои го преживеале ова. Имено, штом мозокот не добива крв, дури и за секунда, тој престанува да функционира“, објасни Емија Кларк, која поради аневризмата на мозокот страдала од афазија, а како резултат на тоа на моменти не можела ниту да се сети на сопственото име.

За среќа, губењето на меморијата не било долготрајно, па потоа без проблеми глумела во лондонскиот театар „Харолд Пинтер“ во Лондон во претставата „Галеб“ која траела два и пол часа.

Поради сè што преживеала, Емилија Кларк во 2019 година го основаше добротворното здружение „SameYou“, кое собира пари за сите оние кои закрепнуваат од мозочни удари и операции на мозокот.

Инаку, таа ја играше Денерис Таргариен во серијата „Игра на тронови“ од 2011 до 2019 година.

Освен Брус Вилис, болеста афазија ги погоди и овие познати личности

Емилија Кларк од „Игра на престолите“ не сакала секс пред камерите!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вили Вебер: Време е семејството Шумахер да ја каже вистината

Следно

770 нови случаи на ковид-19, почина 23-годишен пациент од Свети Николе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian