После првото полувреме на стадионот „Максимир“ во Загреб во рамките од првиот натпревар од второто квалификациско коло помеѓу Динамо и Шкупи, резултатот е 1:1.
Македонскиот шампион поведе изненадувачки во 25 минута со голот на Бразилецот Куевен после асистенцијата на Алварез.
Непосредно пред паузата во 44 минута Хрватите израмнија преку нашиот репрезентативец Адеми по добро нафрлената топка од Мохарами.
Во првите 45 минути ниту една од екипите не се одвои со поголем посед на топката, домаќините имаат три удари во рамките на противничкиот гол на Шкупи, а чаирчани само еден.
Стартниот состав на Шкупи: Наумовски, Брдаровски, Абдула, Маргвелас, Шеји, Куевен, Сенгхор, Алварез, Хамиди, Данфа, Адетунџи.
Кај Динамо на клупата за резервни играчи е македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски.
ГОЛОТ НА ШКУПИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА