ВИДЕО: Пожар во центарот на Ваљево, уништени се шест локали

1 min read

Голем пожар утринава избувна во центарот на Ваљево, кој зафати шест локали, спроти Народниот музеј во овој град.

Пожарот прво зафатил ќебапчилница и пекарница, а потоа се проширил на менувачница, златарница и бутик за текстил, како и кафе бар.

На терен се девет пожарникари со три возила. Пожарот е локализиран, а објектите се целосно уништени и немаше повредени.

Пламенот од пожарот се закануваше да ги зафати соседните локали во центарот на Ваљево.

Сообраќајот во тој дел од градот е затворен, а причините за пожарот ќе бидат утврдени преку истрага.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уште едно модерно спортско игралиште во срцето на Општина Аеродром!

Следно

Е. Пелистер 2 против австрискиот вицешампион во Европската лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian