Варвициотис: Честитки за Северна Македонија, ќе работиме заедно за нашата заедничка иднина

1 min read

Честитки до Северна Македонија за првата Меѓувладина конференција со ЕУ изрази алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис преку неговиот „Твитер” профил и порача дека „ќе работиме заедно за нашата заедничка иднина”.

Варвицотис, кој присуствуваше на конференцијата во Брисел, објави фотографија со премиерот Димитар Ковачевски на кого му ја изразил грчката поддршката на нашиот пат во ЕУ.

-Честитки за Северна Македонија за одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ. На премиерот Димитар Ковачевски му ја изразив поддршката на Грција во европската перспектива на неговата земја. Ќе работиме заедно за нашата заедничка иднина, напиша Варвициотис на „Твитер”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Свадбениот албум на Елена и Бојан: Раскошна свадбена прослава, бајковита венчаница и „стаклени“ чевли

Следно

Кина се закани со одлучни мерки кон Вашингтон доколку Пелоси го посети Тајван

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian