Уште едно модерно спортско игралиште во срцето на Општина Аеродром!

1 min read

-Изминатите неколку денови работиме на оспособување и пуштање во употреба на уште едно кошаркарско игралиште кое долги години беше заборавено и во услови кои не дозволуваа спортување, информираше денеска градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски. 

-Воедно, би сакал да ги уверам аеродромци дека е најдено соодветно решение за сите наследени аномалии на самото игралиште кое е градено пред долги години, а овој спортски терен ќе биде изведен според сите пропишани стандарди, погоден за спортување во сите временски услови, додава тој во своето видео-обраќање. 

Муцунски порача дека продолжуваат да го остваруваат она што го е ветено во предизборието, а аеродромци се сведоци дека промените се случуваат!

skopjeinfo.mk

Претходно

Во сообраќајна несреќа во Египет 22 загинати, 33 повредени

Следно

ВИДЕО: Пожар во центарот на Ваљево, уништени се шест локали

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian