Украинска кујна: Вкусови што се паметат – супа Боршч

3 mins read

Украинската кујна е исклучително вкусна, но многу калорична бидејќи претежно се состои од леб, кој е света намирница за Украинците.

Едно од најпознатите јадења е чорбата Борчш. Денес има многу рецепти ширум светот и сите се колнат дека ова е единствениот вистински, што секако е бесмислено. Боршч се ширел низ Белорусија, Русија, Полска… И Литванците имаат свој, а да не зборуваме за рестораните во Париз, Лондон или оние од преку океанот во Мала Одеса. Боршч е светско наследство, исто како и палачинките, гулашот итн…

Боршч е супа од украинската кујна, национално јадење во Русија, Украина, Полска, Романија и Молдавија. Боршч е супа од говедско или свинско месо, домати и/или цвекло. Постојат многу видови боршч во зависност од регионот. Исто така постои и вегетаријанска верзија без месо.

Кога ќе слушнете боршч, не звучи многу привлечно, но кога ќе навлезете во приказната за овој украински специјалитет, сфаќате дека е многу далеку од вистината и дека боршч е всушност многу вкусен и уникатен.

Постојан составен дел е цвеклото, таа му го дава основиот вкус и боја.

Украинска чорба од цвекло – боршч

Време на подготовка: 50 минути, сервирање: 4 лица

Состојки:

– 1 мал кромид
– 1 голем морков
– 2 големи компири
– 2 средни главици цвекло
– 175 г црвена зелка
– 1 лажица вегета
– 2 ловорови листови
– 1 лажица маслиново масло
– 85 г концентрат од домати
– ½ лажица оцет
– ½ лажичка шеќер
– 2 чешниња лук
– сол
¼ лажичка мелен црн пипер
– 1 лажица сечкан копар

Подготовка:

Кромидот и морковот ситно исечкајте го, компирот исечкајте го на коцки, цвеклото на стапчиња, а зелката на резанки.

Во поголем сад загрејте 1,5 литар вода, додадете вегета, ловор и зелка. Варете 20 минути на тивок оган.

Во голема тава загрејте го маслиновото масло и пропржете ги кромидот и морковот (околу 5 минути), потоа додадете го цвеклото и пржете со мешање уште 4 минути. Додадете го зеленчукот во садот со зелката. Потоа додадете го компирот и концентратот од домати.

Гответе поклопено 20 минути, па тргнете го од оган и додадете оцет, шеќер, издробен лук, по потреба сол и црн пипер. Измешајте и оставете да отстои околу 10 минути.

Посипете со копар и послужете.

Совети: Боршч може да го чувате во фрижидер до пет дена, а во замрзнувач до три месеци. За љубителите на месо истата може да се подготви со варено пилешко, телешко или свинско месо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лице од Чучер Сандево криумчарело 17 мигранти

Следно

Вархеји: Не сакаме да губиме веќе ниту еден момент и веднаш почнуваме со „акито“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian