Тестенини во домашен песто сос од пињоли

1 min read

Пестото обично се прави од пињоли (јатки-семки од бор) и се користи не само за тестенини, туку и во сендвичи, па дури и како сос за закуски. Како и секој друг сос, може да се направи дома и да се измени за да биде похранлив и поздрав.

За таа цел во сосот може да се додадат авокадо, семки од тиква и друг зеленчук, зачини по избор, па дури и оревите кои ја зголемуваат количината на протеини и ја подобруваат когнитивната функција. Убавината на овој рецепт е што можете да ги промените речиси сите состојки по ваш вкус, а на крајот по желба можете да додадете малку месо како дополнителен извор на протеини.

СОСТОЈКИ:

– 1 зрело авокадо, излупено и исчистено

– 130 гр млад спанаќ

– 40 гр непечени ореви или индиски ореви

– 30 гр борови јатки-семки или семки од тиква

– 3 чешниња лук

– сок од еден лимон

– 2 лажици екстра девствено маслиново масло

– 6 лажици вода (или повеќе по потреба)

– 1 пакување тестенини по желба

ПОДГОТОВКА:

Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Додека тестенините се варат, додајте ги сите состојки за песто во блендер или процесор за храна и обработете додека не стане кремаста и без грутки. Кога тестенините ќе се сварат, процедете ги и додајте песто по вкус и по желба малку месо

Добар апетит!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шкупи денеска на „Максимир“ по добар резултат против Динамо Загреб

Следно

ВМРО ДПМНЕ : Македонија ќе биде заложник на Бугарија на патот кон ЕУ

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian