Седлоски: Динамо и натаму е фаворит, сега нè чека полн стадион во Скопје

2 mins read

Шкупи одигра реми (2:2) во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите против Динамо Загреб.

Реваншот е закажан за 26 јули на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје со почеток од 21.00 часот.

Тренерот на чаирчани, Гоце Седлоски е задоволен од крајниот епилог, но напоменува дека неговите играчи не смеат да „летаат во облаци“ после ваквиот убав резултат во хрватскиот главен град.

– Се препотував како да играм, хаха. Честитки за играчите на двете екипи, навистина врвен натпревар, прав европски. Начинот на кој го одигравме првото полувреме, тоа е она што го барам од моите играчи. Му честитам на колегата Чачиќ за фер и коректната игра, сè уште е отворено, има уште 90 минути да се игра во Скопје. Динамо и понатаму е фаворит, не е важен денешниот резултат, се претставивме на добар начин, а сега за реваншот нè чека полн стадион – рече Седлоски по мечот со Динамо Загреб.

Седлоски пред стартот на мечот беше поздравен од гледачите на трибините на стадионот „Максимир“ не заборавајќи го својот поранешен играч кој имаше славни моменти со клубот со три титули шампион на Хрватска.

– Аплаузот од публиката на „Максимир“? Сигурно оставив добар впечаток овде за седум години, благодарам на сите, благодарам на медиумите. Нормално, очекував повеќе од Динамо, можеби нè потценија. Добро стоевме, бевме компактни, ја чекавме нашата прилика и ја дочекавме – вели стратегот на Шкупи.

Чачиќ: Примивме два евтини голови, имавме премногу грешки против Шкупи

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Зградите на Владата и на МНР во боите на Европската Унија

Следно

Денес се празнува Светата великомаченичка Недела

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian