Се самоуби српската манекенка Бојана Шарац

1 min read

Како бомба одекна веста дека починала српската манекенка Бојана Шарац. Според неофицијалните информации, манекенката извршила самоубиство.

Ништо на нејзиниот профил на Инстаграм не навестувало за трагедијата, а последната фотографија ја објавила два дена претходно.

Во светот на модата нејзиното име е добро познато. Успешно се занимавала со манекенството во Србија и странство, додека јавноста ја забележа во спотот на Реља Поповиќ за песната „Марија“.

По повод трагичната веста, се огласи и нејзиниот татко Младен кој на својот фејсбук-профил напиша:

„Ќерка ми ја нема. Господ ми ја зеде на 28 години!“, напиша тој.

Пријателите, сè уште во шок, во коментарите се збогуваат со убавата Бојана. „Патувај со ангелите, ангелу“, „На сите ќе им недостигаш“… Краткото и болно прашање „зошто? објавено е безброј пати. Нема одговор…

Бојана студирала психологија, а во светот на модата била позната по својата умешност за трансформирање.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борачот Мемеди се закити со бронза на Европското првенство во Загреб

Следно

Ковачевски: Почетокот на преговорите за членство во ЕУ е заслуга на сите граѓани и институции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian