Путин пристигна во Техеран на средба со претседателот на Иран и на Турција

2 mins read

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска допатува во главниот град на Иран, Техеран каде ќе се сретне со иранскиот и турскиот претседател, Ибрахим Раиси и Реџеп Тајип Ердоган.

Како што вчера соопшти Кремљ, Путин со Раиси и Ердоган ќе разговара за извозот на украинското жито, како и за и за Сирија, каде трите земји се воено ангажирани.

Претставници на Обединети нации, на Русија, на Украина и на Турција минатата недела постигнаа првичен договор за обезбедување на извоз на 22 милиони тони жито и други земјоделски производи што се блокирани во украинските црноморски пристаништа поради војната.

Додека западните земји воведуваат санкции кон Русија и инвазијата продолжува, Путин се обидува да ги зајакне врските со Техеран, кој и самиот е цел на строги американски санкции, но е и потенцијален воен и трговски партнер за Москва.

Белата куќа соопшти дека во изминатите неколку недели, руските официјални лица посетиле аеродром во централен Иран најмалку двапати за да ги прегледаат беспилотните летала на Техеран што тој би можел да ги користи во Украина.

Турција, која е членка на НАТО, се најде на спротивната страна со Русија во крвавите конфликти во Азербејџан, во Либија и во Сирија. Анкара дури продаваше смртоносни дронови што ги користеа украинските сили за напад врз Русија.

Но, Турција не воведе санкции за Кремљ, бидејќи Анкара борејќи се со инфлацијата и падот на вредноста на лирата се потпира на рускиот пазар.

Средбата има симболично значење и за домашната публика на Путин, бидејќи го покажува меѓународното влијание на Русија, иако таа е сè поизолирана.

Патувањето на Путин се случува само неколку дена откако американскиот претседател Џо Бајден ги посети Израел и Саудиска Арабија, кои се во непријателски односи со Техеран.

kurir.mk

Претходно

770 нови случаи на ковид-19, почина 23-годишен пациент од Свети Николе

Следно

Лице од Чучер Сандево криумчарело 17 мигранти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian