Постигнат е напредок во преговорите за извоз на жито од Украина

2 mins read

Техеран, 19 јули 2022 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска во Техеран изјави дека е постигнат напредок во преговорите за извоз на жито од Украина преку Црно Море и му заблагодари на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за „посредувањето“.

– Би сакал да Би сакал да ви се заблагодарам за вашите напори за посредување, што ја понудивте Турција како основа за преговори за прашањата за производство на храна и извоз на жито преку Црното Море, истакна Путин на средбата со Ердоган во Техеран.

Путин и Ердоган денеска допатуваа во Техеран на разговори со иранскиот претседател Ебрахим Раиси за судирот во Сирија и за војната во Украина.

Путин и Ердоган разговараа за механизмите што ќе овозможат извоз на жито од Украина, што е блокиран поради руската воена офанзива и постои опасност од светска криза со храна.

Преговорите со Москва, Киев, Анкара и Обединети нации треба да се одржат во следните денови во Турција, по напредокот постигнат на преговорите одржани на 13 јули.

Договорот, за кој се преговара под покровителство на ОН, има за цел да пренесе околу 20 милиони тони жито блокирано во украинските силоси преку Црното Море поради офанзивата предводена од Русија во Украина.

Руското Министерство за одбрана на 15 јули соопшти дека е подготвен „завршен документ“, со што би се дозволил извоз на жито од Украина.

Договорот, за кој се преговара под покровителство на ОН, има за цел преку Црно Море да се извезат околу 20 милиони тони жито блокирани во украинските силоси поради руската инвазија врз Украина.

Москва соопшти дека во Истанбул треба да се отвори координативен центар, кој ќе овозможи извоз преку Црното Море.

kurir.mk

Претходно

23-годишната пациентка, која почина од ковид-19, имала и тумор на лимфно ткиво

Следно

Ковид-19 во Албанија: Заразата со варијантата БА5 се шири наголемо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian