По Џенифер ќе се мажи и Никол Шерзингер: Избраникот на пејачката е седум години помлад рагбист

1 min read

Тие се заедно од почетокот на 2020 година, а извор близок до парот вели дека Еванс ја запросил пејачката во текот на изминатите неколку недели додека беа на одмор во Европа. Двојката штотуку се вратила од одмор во Миконос, Грција, каде што се верува дека Еванс ја запросил.

Пејачката Никол Шерцингер (44) наводно се верила со седум години помладиот рагбист Том Еванс (37) и наскоро планираат свадба, пишува „Мирор“.

Никол и Том се запознаа благодарение на шоуто „X Factor: Celebrities“ кое се емитуваше на ITV во 2019 година.

Во шоуто, Никол беше член на жириската комисија, додека Том беше натпреварувач во импровизацискиот бенд наречен „Try Star“, заедно со колегите рагбисти Леви Дејвис и Бен Фоден.

Иако групата не успеа да ги импресионира гледачите, Том го привлече вниманието на Никол и гледачите беа вчудоневидени кога го видоа парот како флертува во шоуто.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Адмирал Роб Бауер: Војната во Украина има глобални последици, вклучително и за Западен Балкан

Следно

Битиќи: Од утре веќе треба да го впрегнеме цело знаење, умешност, мудрост и да се зафатиме со работа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian