Најмалку една жртва во ракетен напад врз Краматорск

1 min read

Најмалку едно лице загина, а шест се ранети во денешниот ракетен напад во центарот на Краматорск, град контролиран од Киев во областа Доњецк во источна Украина, што руските сили сакаат да го заземат, соопштија денеска градските власти и полицијата.

„Во оваа фаза имаме еден загинат“, изјави претставник за медиумите на градските власти, додека висок полициски функционер информира дека шест лица се ранети.

Ракетата паднала претпладне во двор опкружен со четирикатни згради во центарот на градот.

Краматорск, град со 150.000 жители пред војната, е административен центар на регионот Доњецк кој е под контрола на Киев. Се наоѓа на дваесетина километри од фронтот и редовно е цел на гранатирање.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Сите се смеат на фотографиите на Илон Маск во костим за капење: Не сакавме тоа да го видиме!

Следно

Во среда оваа улица ќе биде без вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian